Ултраортодоксален еврејски лидер забранил девојки над пет години, во некои предели во Израел, да возат велосипед, тврдејќи дека е провокативно, пренесуваат локалните медиуми.
Рабинот во израелското соседство Нахлоат го воведе декретот за неговите следбеници во синагогите низ областа.
Тој рече дека младите девојки кои возат велосипеди може „да предизвикаат сериозно оштетување на нивната скромност“ и дека начинот на кој тие седат на велосипедските седишта за машките е „провокативно“.
Декретот гласи: „Ги информираме родителите дека се принудени да им забранат на нивните ќерки од пет години, па нагоре, да се однесуваат на овој нелигитимен начин“.
Оние кои се засегнати од одлуката се членови на ултраортодоксалната гранка хареди во јудаизмот.
Во декември, ултраортодоксални рабини побараа жените во израелскиот град Бнеи Брак да се воздржат од запишување на факултет, според веб-страницата Yeshida World News.
Тие тврдеа дека институциите кои имаат секуларни предмети претставуваат вистинска опасност, и дека девојките и жените не треба да студираат.
Верските лидери, исто така, се обидоа да го забранат интернетот во нивните заедници. Сепак, студиите покажале дека оваа забрана имала минимално влијание, бидејќи ултраортодоксалните евреи во Израел го користат интернетот исто колку и сите други, според Washington Post.