Собранискиот спикер Трајко Вељаноски, закажа посебна седница на Собранието за состојбата во поплавените подрачја. Седницата е најавена за во недела, 14 август 2016 година, осум дена по невремето кое однесе 22 човечки животи и остави без дом илјадници граѓани.
Седницата, како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, се прави во договор со координаторите на пратеничките групи. Дотогаш се очекува Владата да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и преземените мерки за санирање на последиците од поплавата.
Поплавата се случи на 6 август, а најпогодени беа областите под Скопска Црна Гора.