[Видео] Новата камера на Никон овозможува зум до површината на Месечината

Новата Никон П900 овозможува поглед од блиску кон небото, транспортирајќи го набљудувачот од паркингот каде стои, до површината на Месечината. Според главниот уредник на PetaPixel ДЛ Кејд, камерата има вграден 83х оптички зум, но таа може да продолжи со дигитален зум.

„П900 има 166х ‘динамичен висококвалитетен зум’, чија конечна еквивалентна фокусна должина изнесува 4 000 милиметри“, изјави Кејд.

Во продолжение, погледнете како изгледа кога ќе зумирате со Никон П900.