[Галерија] Индиските деца со застој во растот

Индија го има најголемиот број на деца кои имаат застој во растот во светот, се вели во новиот извештај на хуманитарната организација WaterAid.

Извештајот забележува дека Индија има најмалку 48 милиони деца со застој во растот под петгодишна возраст.

Нигерија и Пакистан се на второ и трето место со 10,3 и 9,8 милиони деца со застој во растот.

Оваа состојба, кој е последица на неухранетост во првите две години од животот на децата, претставува неповратен процес. Таа, исто така, влијае на менталниот развој на децата.

Покрај недостигот од храна, други фактори како слаба канализација и загадена вода за пиење предизвикуваат неухранетост, што доведува до застој во растот на децата.

„Недостигот од пристап до тоалет, чиста вода и добри хигиенски  услови, исто така, играат важна улога, како постојаните зарази со дијареа, често предизвикана од валканата вода и нехигиенската средина, се директно поврзани со неухранетоста“, стои во извештајот.

_90669098_bda07cd1-5684-4421-af65-304a2fa0352b

Четвртина од сите случаи на застој во растот директно се поврзани со хронична дијареа во првите две години од животот.

Најмалку 76 милиони луѓе живеат без безбедна вода за пиење во Индија и 774 милиони луѓе живеат без соодветни хигиенски услови. Речиси 140 000 деца умираат секојдневно поради дијареа во Индија.

Јавниот тоалет е еден од најголемите здравствени проблеми во Индија.

„Индија го има најголемиот број на луѓе во светот, повеќе од половина милијарда, кои користат јавни тоалети, што шират смртоносни болести и ги прават децата повеќе подложни на дијареа и други инфекции“, вели Меган Вилсон Џоунс, истражувач за здравје и хигиена во WaterAid.

Во изминатите неколку години, Индија забележа напредок во намалување на бројот на деца со застој во растот. Најмалку 48 отсто од сите деца имале застој во растот во 2006 година, но бројот се намалил на 39 отсто во 2014 година, забележува хуманитарната организација.

Исто така, приоритет на индиската влада е да обезбеди чиста вода за пиење и соодветна канализација за сите Индијци.