Џ.К. Роулинг објави дека нема да напише друга книга за Хари Потер

Авторката на најпродаваниот серијал книги на сите времиња, на премиерата на театарската претстава според нејзината книга „Хари Потер и проколнатото дете“ во лондонскиот Палас Театар, објави дека тоа е последната книга за авантурите на детето-волшебник.

Кога новинарите ја прашале дали обожавателите да очекуваат уште приказни после драмата, Роулинг одговорила: „Не. Хари заврши“.

Поставена 19 години после „Хари Потер и реликвиите на Смртта“, „Проколнатото дете“ го прикажува Потер како 37-годишен татко на три деца.

„Оди на големо патување во текот на оваа драма во два дела“, изјавила Роулинг за печатот. „Мислам дека сме готови. Ова е наредната генерација, затоа сум возбудена што ја гледам реализирана на ваков прекрасен начин. Но, не, готово е со Хари“.