Диџеј од Нигерија го урна светскиот рекорд за најдолг сет

Диџеј Оби го собори светскиот рекорд за најдолг диџеј сет. Нигерискиот диџеј настапуваше 229 часа, или 10 дена по ред, во португалското Сао Кафе, во Лагос. Претходниот рекорд беше поставен од страна на полскиот диџеј Норберт Елмај, во 2014 година и траеше 200 часа.

Настапот на Оби траеше од 22 јуни до 1 јули, при што му било дозволено по 2 часа пауза секој ден за одмор, а неговата работа ја следел и цел медицински тим од кој добивал витамини. Сепак, ова не било доволно за да се спречат некои компликации предизвикани од лишувањето од сон.

„Се разбудив халуцинирајќи по четири или пет дена и изгубив контрола над моето тело … губењето на мојот татко ми служеше како инспирација, постојано мислев дека тој гледа во мене и ќе биде разочаран ако јас не успеам“, вели Оби за светските музичките магазини .

Оби за време на подвигот користел Serato, а во ро рок од четири часа не му било дозволено да ја пушти истата трака. Негова последна трака од најдолгиот микс која ја пуштил е дрејковата „One Dance”.