[Видео] Уметнички проект ги соочува луѓето со нивните предрасуди кон бездомниците

Што би направиле ако ако здогледате фигура завиткана во кеса за отпадоци, стуткана на улица, е прашањето на кое одговара краткиот филм „Изоставени“ („Left Out“). Тој истражува што се случува кога јавноста ќе се соочи со неочекувано искуство на улиците во Лондон.

Проектот има за цел да ги соочи луѓето со нивните предрасуди кон бездомниците, а е дело на уметникот Максвел Руштон.