[Фото] Младите во Кратово го чистеа градскиот парк

Викендов, во Кратово се спроведе еднодневната акција „Волонтерство во бои“. Група од млади луѓе го чистеа и санираа локалитетот „Карши бавча“, за да ја вратат неговата првобитна намена, а тоа е мал градски парк каде во иднина може да се организираат културни настани. Покрај ова, акцијата имаше за цел да ја подигне јавната свест кај локалното население за заштита на животната средина.

Младите учесници го чистеа локалитетот од отпадоци и ја заштитија дрвената ограда на мостот, кој е дел од локалитет и фарбање на дрвените седишта на амфитеатарот

Акцијата „Волонтерство во бои“ е иницијатива на група млади луѓе кои учествуваа во Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.