Граѓани од Кривопаланечкиот регион денеска во 13 часот го блокираа регионалниот пат како дел од активностите на Шарената револуција и протестите што неколку недели се организираат низ земјава со низа барања како оставка на претседателот Иванов, поништување на аболицијата , но и одложување на изборите од 5 јуни.

Блокада во Крива Паланка
За денеска во 19 часот пак е е најавена и блокада од граѓани во регионот на Облешево.
„Бараме да бидат казнети сите што правеле или прикривале криминал за време на избори, сите што манипулирале со избирачкиот список, сите што незаконски издавале лични карти или пасоши; сите што подмитувале или заплашувале гласачи, сите што вршеле притисоци и закани кон државни службеници, сите кои спречувале граѓани да гласаат. Бараме чист избирачки список, кредибилни и слободни избори!“, се вели во најавите за блокадите.
Покрај блокади на патиштата, за денеска е најавен голем протест во Скопје, во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Протести на движењето Протестирам и Шарената револуција се најавени и во уште десетина градови низ земјава.