Министерството за здравство попладнево информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19, односно 397 во Скопје, 95 во Тетово, 44 во Велес, 37 во Струмица, 34 во Штип, 31 во Битола, 30 во Гостивар, 29 во Прилеп, 26 во Кавадарци, 22 во Куманово, 21 во Охрид, 17 во Кочани и 15 во Кичево. По седум новозаболени се регистрирани во Пробиштип и Струга, по шест во Радовиш, Виница и Делчево, по пет во Ресен и Крива Паланка, по четири во Кратово, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Берово. Во Демир Хисар и Дебар се забележани по два нови случаи, а еден новозаболен е регистриран во Македонски Брод.
Од Министерството за здравство информираат дека починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрирал 359 оздравени пациенти од Скопје-125, Куманово-24, Дебар-14, Штип-12, Прилеп-9, Тетово-34, Струга-1, Велес-4, Битола-9, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Кочани-32, Пробиштип-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Делчево-24, Свети Николе-5, Кичево-5 и Ресен-1.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера“, известуваат од МЗ.
Направените 2449 теста се преку ИЈЗ-809, ЦЈЗ Скопје-124, Авицена-470, Биотек-239, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Систина со PCR метода -202, лабораторија Лаор –124, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-11, ГАК-0, Синлаб-42, Ремедика-0, лаборатории од странство-0.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 123 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања на Ковид -19, а во последните 24 часа се направени 2449 тестирања.