5D кино во Тетово

На голема радост на младите тетовчани, претставниците на Општина Тетово, на денешната прес конференција изјавија дека завршена е изградбата на новото 5D кино, кое е лоцирано во строгиот центар на градот.

“Поради големата заинтересираност на тетовци за одење во кино, се одлучивме да ги изненадиме нашите сограѓни со изградба на кино во најнова 5D технологија. На овој проект работевме напорно речиси една година, за денеска сите ние да можеме да уживаме во овој новитет.“ – изјави градоначалникот на Тетово, Беџ Сеадо.
Свеченото отворање ќе се одржи вечерва во 20:00 часот со прикажување на филмот „Snow ride“, во 5D техника, а веќе од утре ќе се започне со репризно емитување на филмот во 13:00, 17:00, 20:00 и 22:00 часот.

Промотивно емитувањето на филмовите во првата недела ќе биде бесплатно, а понатаму цената ќе изнесува 250 денари, а за секој студент со приложена студентска легитимација истата ќе изнесува 150 денари.

#кромид034

predupreduvawe