530 новозаболени и 26 починати од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека последново деноноќие регистрирани се 530 нови случаи на заболени со коронавирусот од вкупно направени 1.999 тестирања.

Изминативе 24 часа починати се 26 лица. Седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 538 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројката на оздравени пациенти е 58.720, на починати е 2.427, а бројот на активни случаи изнесува 20.278.

Направените 1.999 теста се преку: ИЈЗ-465, ЦЈЗ Скопје-85,  Авицена-160, Биотек-175, МАНУ -149,  Жан Митрев (Филип Втори)-93, Систина со PCR метода -125, лабораторија Лаор –58, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-20, Ремедика-36, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -553, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 392.376 тестирања на Ковид -19.