Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-22, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска се регистрирани и 526 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.
Направените 378 теста се преку: ИЈЗ-106, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-75, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид -19.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 123 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 356 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа пак во ковид центрите во болниците низ целата држава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 19 болни, а во Куманово 85 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 29, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 28, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 875 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.