4 лица починаа од Ковид 19, регистрирани 120 новозаразени во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие од Ковид 19 починаа 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години, а регистрирани се 120 нови случаи од 954 тестирања.

Притоа повеќе од половина од новозаразените се од Скопје-64, по што следи Тетово со 14, Охрид со 7, Струга, Кичево и Ресен со 5 нови случаи, Куманово и Дебар со 4 новозаразени, Битола со 3 и со по два случаи се Штип, Прилеп, Гостивар и Свети Николе. Еден нов случај има и во Македонски Брод.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.