Министерството за здравство соопшти дека последново деноноќие регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 2.383 тестирања.
Новозаболените според градови се регистрирани во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.
Претходниов ден од вирусот починале вкупно 7 лица. 4 пациенти се од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.
Министерството информираше и дека 168 пациенти се регистрирани како оздравени.
Вкупната бројка на инфицирани лица со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.
Направени се 2.383 тестови преку: ИЈЗ-479, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-260, Биотек-253, Жан Митрев (Филип Втори)-111, Систина-190, лабораторија Лаор–147, МАНУ-52, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-57, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 630, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, лаборатории од странство-0.
Досега во земјава се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.