31 починат, 657 новозаразени и 920 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало 31 лице, информираа попладнево од Министерството за здравство (МЗ). Починале десет пациенти од Скопје на 93, 79, 73, 59, 40, 84, 70, 61 и 88 години, тројца од Куманово на 57, 74 и 81 година, еден од Дебар на 81 година, пет од Прилеп на 55, 58, 78, 70 и 56 години, двајца од Тетово на 59 и 81 година, еден од Струга на 75 години и еден од Охрид на 47 години.

Потоа, од Ковид-19 починал и еден пациент од Кавадарци на 51 година, тројца од Гостивар на 60, 75 и 68 години, двајца од Струмица на 72 и 83 години, еден од Крушево на 76 години и еден од Делчево на 65 години. Тројца пациенти се починати вон, а останатите во болнички услови.

Потврдени се 657 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 323 случаи во Скопје, 38 во Прилеп, 36 во Битола, 28 во Охрид, 25 во Кавадарци, 23 во Куманово, 22 во Велес, 19 во Тетово, 17 во Гостивар, 15 во Струга, 13 во Струмица, 12 во Кочани, 11 во Неготино, десет во Радовиш, осум во Штип, по седум во Берово и Делчево, по шест во Гевгелија и Крива Паланка, по пет во Валандово, Кичево и Ресен, по четири во Пробиштип, Македонски Брод и Свети Николе, два во Виница и по еден случај е регистриран во Пехчево и Кратово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 920 оздравени пациенти, односно, од Скопје-349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70, Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и од Неготино-14.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613. Од вчера се евидентираат три контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 373.738 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.347 тестови.