29 загинати по експлозии во Истанбул

Загинати се 29 луѓе, додека 166 се ранети по двете експлозии што се случија синоќа во близина на стадионот на фудбалската екипа на „Бешикташ“ во Истанбул, пренесе Би-Би-Си.

Според досегашните информации, станува збор за бомба автомобил и самоубиствен напад во кои главни цели биле полицајците. Експлозиите се случиле два часа по мечот меѓу „Бешикташ“ и „Бурса“. Досега се уапсени десетмина.

„Прво експлодирала автомобил-бомбата, а една минута подоцна се разнел бомбашот самоубиец во блискиот парк“, изјави министерот за внатрешни работи на Турција Сулеман Сојлу, дополнувајќи дека 27 од загинатите биле полицајци.

Турција прогласи ден на жалост, а претседателот Реџеп Таип Ердоган ја опиша случката како „терористички напад врз полицијата и граѓаните“.