25 години од смртта на Салвадор Дали

25 години од смртта на Салвадор Дали

На 23 јануари годинава се навршија 25 години од смртта од најголемите уметници на 20-от век, шпанскиот сликар, вајар, фотограф и режисер Salvador Domingo Felipe Jacinto Dalí i Domènech, 1st Marqués de Dalí de Pubol, попознат како Салвадор Дали. Ексцентричниот уметник остави длабока трага во историјата на уметноста, како предводник на надреалистичкиот стил. Се потсетуваме на некои од неговите најпознати дела:

Истрајноста на сеќавањето“ е можеби најпознатата слика на Дали, која тој ја насликал во 1931. Три години подоцна, таа се нашла во музејот на современа уметност во Њујорк (MoMA), каде се наоѓа и денеска.

25 години од смртта на Салвадор Дали

Пејсаж близу Фигуерас“ – Дали го насликал пејсажот кога имал само 6 години, во 1910:

25 години од смртта на Салвадор Дали

Сон предизвикан од летот на пчела околу калинка една секунда пред будење“, слика од времето кога Дали живеел во Америка. Прво негово дело кое вклучува насликан слон.

25 години од смртта на Салвадор Дали

Лицето на војната“ (1941)

25 години од смртта на Салвадор Дали

Омаж за Њутн“, скулптура, 1958

25 години од смртта на Салвадор Дали

Салвадор Дали слика носорог во зоолошката градина во Мадрид во 50-те, следен од бројни новинари и сниматели:

Погледнете го и документарниот филм на BBC за големиот уметник: