23 технологии неопходни за градовите на иднината

До 2030 година, повеќе од 5 милијарди луѓе ќе живеат во урбани средини. Пред да дојдеме до оваа ситуација, ќе мораме да ги оптимизираме нашите градови, да ги направиме „попаметни“ и подобри, а тоа може да се направи единствено со помош на технологијата. Со помош на апликациите и добро имплементираните технологии, програмерите и конструкторите се обидуваат да ги подобрат условите за живот во градовите, било да се работи за унапредување на тајмингот на семафорите или создавање на корисни и моќни смартфон-апликации.

23 технологии неопходни за градовите на иднината

Сајтот „Mashable“ издвои 25 технолошки иновации кои ќе бидат неопходни во градовите на иднината:

1. Иницијативите за пристап до податоци и самитите на ИТ-секторот, каков што е BigApps во Њујорк произведуваат корисни информации кои го унапредуваат животот во градовите и ги информираат граѓаните. Од ваквите собири произлегуваат апликации од кои може да се дознае каков е квалитето на воздухот, кои ресторани се чисти, какви се резултатите од градежните инспекции итн.

2. Апликации за паркирање. Возачите во големите градови имаат и голема потреба од помош при паркирањето – каде има слободни места? Тии штедат време, бензин и пари, ја намалуваат емисијата на штетни гасови и го растоваруваат сообраќајот.

23 технологии неопходни за градовите на иднината3. Апликации со кои граѓаните можат да „посвојат“ општински имот: канти за отпадоци, телефонски говорници, дрвја, хидранти и друго. Нешто слично постои во американските градови Бостон и Хонолулу, а тоа на граѓаните им дава чувство дека прават повеќе за своето „маало“.

4. Систем за отфрлање на технолошкиот отпад – Pay As You Throw (PAYT) – што ги охрабрува луѓето повеќе да рециклираат и помалку да таложат ѓубре, додека со користење на РФИД алат може да се подобри сортирањето на пластичните флаши и да спречи тие да се најдат во природата.

5. Дигитално и лесно плаќање на паркинг. Не сакаме да ги чуваме картичките за плаќање или да бидеме ограничени со време, па да мораме да трчаме и уплатуваме пари за додатни часови.

6. Апликации со мапи на градовите. Тие ќе ги содржат сите информации за музеите, паркинзите, знаменитостите, рестораните, а ќе содржат и информации за метежот во сообраќајот. Вакви апликации веќе постојат во Балтимор, Отава и Њу Орлеанс, каде им помагаат на туристите, но и на самите жители подобро да ги доживеат овие градови.

7. Јавно поставените екрани на допир, како на пример киосците во кои се купуваат билети за јавен превоз, секаде ќе мора да бидат отпорни на бактерии.

23 технологии неопходни за градовите на иднината8. Безжичен интернет во подземната железница или во возовите, трамваите или автобусите од јавниот превоз треба да бидат достапни заедно со информациите за времето на секоја станица.

9. Одржлив и енергетски ефикасен станбен простор

10. Динамични киосци кои покажуваат прецизни информации, можни гужви во сообраќајот, временска прогноза и локални вести. Ваквите киосци веќе функционираат во финскиот главен град Хелсинки, под името „Urbanflow

11. Апликација или социјална мрежа базирана на информации за итни и кризни ситуации. Секој граѓанин би требало да има пристап, било да се работи за криминал или за помош при елементарна непогода.

12. Полициските сили да користат „real-time“ податоци за да ги следат криминалците и да ги спречат злосторите.

13. Повеќе видови јавен превоз, брзи возови и автобуси (bus rapid transit BRT) кои би им помогнале на граѓаните ефикасно да патуваат во градските средини, со мала емисија на штетни гасови.

14. OLED светла и надзор во деловите од градовите во кои има висока стапка на криминал, каков што е системот „24/7“ во Калкута, Индија
15. Станици за полнење на мобилни телефони и други уреди, каква што е „“ “Strawberry Tree” во Србија (изработена од студенти), која работи исклучиво на соларна енергија. Ваквите станици би можеле да се постават и на автобуските постојки и на местата со безжичен интернет.

16. Покриви прекриени со соларни панели и зелени градини. Би можеле да генерираме соларна енергија и од велосипедските патеки, како “SolaRoad” во Амстердам.

17. Програма за размена на велосипеди, каква што веќе постои во Париз и Вашингтон, а се подготвува и во Лос Ангелес и Њујорк. Би било убаво и да постојат паркинзи за велосипеди, можеби дури и подземни и автоматизирани, како “Eko Cycle” во Јапонија.

18. Економија на споделување наместо на потрошувачки систем. Ако споделуваме едни со други или позјмуваме, секој ќе купува (а тоа значи и ќе троши) помалку. Затоа постојат “Rent the Runaway”, “Netflix”, “Airbnb”. Постои и апликација која ви помага да пронајдете добротворни установи кај кои можете да подарите некои од вашите стари работи, на пример  “Zealous Good” во Чикаго.

17. Паметни системи за контрола на климатизацијата во куќите и канцелариите, како “Nest thermostat”.

23 технологии неопходни за градовите на иднината18. Широка примена на апликации за пренасочување на сообраќајот, како што се  “Greenway” и “Waze”. Според Greenway, просечен човек годишно поминува 60 часови во сообраќај, а овие апликации ја пресметуваат јајдобрата рута за секого, како би го убрзале сообраќајот и би се намалиле штетните емисии.

– 19. Системи за рециклирање на водата. Таа покрива 70% од површината на земјата, а луѓето не ги чуваат изворите на вистински начин.

20. Здружено урбано планирање (Crowdsourced urban planning), каков што е случајот со „Brickstarter“.

21. Интернет пристап за сите граѓани, можеби како Google Fiber, кој би ги намалил дигиталните разлики и би го поттикнал економмскиот развој.

22. Плаќање преку мобилен телефон – СЕКАДЕ, од храна и облека, па до превоз и комуналии.

23. Програма за поделба на превозот , затоа што пари и бензин се фрлаат кога два автомобила одат до исто место полупразни.