22 починати, 129 новозаразени и 1.122 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие регистрирале 22 починати лица од Ковид-19, односно, починати се тројца пациенти од Скопје на 44, 61 и 67 години, еден од Куманово на 88 години, еден од Дебар на 43 години, еден од Штип на 64 години и девет пациенти од Прилеп на 85, 81, 87, 70, 87, 96, 69, 79 и 68 години, за кои од министерството велат дека тројца се починати во изминатото деноноќие

Потоа, од Ковид-19 починале двајца пациенти од Струга на 86 и 78 години, еден од Велес на 75 години, од Битола на 58 години, од Гевгелија на 72 години, од Македонска Каменица на 86 години и еден пациент е починат од Кичево, на 69 години.

Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 129 нови случаи, односно, регистрирани се 63 случаи во Скопје, 14 во Прилеп, 12 во Кавадарци, седум во Тетово, по четири во Куманово, Штип, Велес и Гевгелија, три во Кичево, по два во Охрид, Гостивар и по еден случај е регистриран во Битола, Струмица, Крива Паланка, Радовиш, Кочани, Пехчево, Берово, Виница, Делчево и Неготино.

Институтот за јавно здравје регистрирал 1.122 оздравени пациенти, односно, од Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и од Неготино-38.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 381.207 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 591 тест.