19 годишeн фудбалер меѓу починатите во обид за влез во авион што полета од Кабул

Заки Анвари е идентификуван во истрагата што ја спроведоа американските воздухопловни сили во врска со човечки остатоци што се пронајдени во тркалото на C-17.

„Фудбалерот на авганистанската репрезентација, Заки Анвари, почина обидувајќи се да избега од Кабул, додека се придржувал за американскиот авион што полетувал од главниот град“, соопшти Генералниот директорат за физичка култура и спорт на Авганистан.

Во нивната објава на фејсбук пренесуваат: ,,Голема тага е што Заки Анвари, еден од јуниорските играчите на фудбалската репрезентација на Авганистан, се наоѓа меѓу починатите во страшната несреќа. Анвари е еден од стотината млади луѓе кои сакаале да ја напуштат земјата, при што падна од американски авион и го загуби животот “.

Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се види како толпа народ трчаат по авионот C-17 на американските воздухопловни сили. Анвари бил меѓу оние што се качиле на подвозјето на авионот пред да полета. Во второто видео, се гледа дека луѓе паѓаат од истиот авион набргу полетувањето од Кабул.

[Фото] Над 600 луѓе избегаа од Кабул во преполн американски воен авион

Кој бил Заки Анвари?

Заки Анвари бил 19 годишен ученик во едно од најпрестижните училишта во Авганистан. Близок пријател на Анвари на својот Инстаграм профил напиша: „Веста за смртта на мојот драг другар и брат Заки многу ме разочара“.

Елијас Нијази, спортски новинар од Авганистан, изјави: „Заки Анвари е ѕвездата на младинската фудбалска репрезентација на земјата, кој почина во несреќата на воздухопловниот терен во Кабул. Неговите блиски велат дека Заки имал намера да отиде во Америка за да има подобар живот, но за жал го загуби животот на аеродромот во Кабул “.

Интернационалната федерација на фудбалери (FIFPRO) на Твитер објави: „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и соиграчите на младиот фудбалер на авганистанската репрезентација – Заки Анвари”.