185 новозаболени, 11 починати и 41 оздравен од Ковид-19 во изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 1364 тестирања.

Најголемиот дел од новозаболените се од Скопје- 96, по што следуваат Струга со 20 случаи, Дебар -18, Тетово – 14, Ресен – 8, Охрид – 7. Во Штип се забележани 4 новозаболени, во Кичево 3, а по двајца новозаболени има во градовите Куманово, Велес, Битола, Кавадарци, Гостивар и Свети Николе. По еден новозаболен има во Прилеп, Пробиштип и Крива Паланка.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.

Изминатово деноноќие од коронавирусот починале 11 лица, осум пациенти од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица, пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни.

Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, а во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.

Направените 1364 теста се преку: ИЈЗ –576, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена –88, Биотек –160, Систина со PCR метода –165, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -184 и Судска медицина-3. Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид -19.

Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 5.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.