18 илјади луѓе на протест во Париз каде се бараа подобри услови за здравствените работници

Ширум Франција здравствените работници бараат поголеми плати, поголем персонал и повеќе болнички кревети, а протестите во Париз на кој учествуваа над 18 илјади луѓе во текот на ноќта станаа насилни, пренесува „Би-Би-Си“.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера стотиците демонстранти кои фрлаа со камења и други проектили. Официјални лица соопштија дека 19 полициски службеници се повредени, а дека се уапсени повеќе од 30 луѓе.

Претседателот Емануел Макрон најави дека здравствените работници кои работеле во кризата со коронавирусот ќе добијат бонуси. Но, синдикатите велат дека пандемијата ги прикажала слабостите во францускиот систем и бараат поголеми инвестици во секторот.

Во Франција бројот на лица кои починале од коронавирусот достигна над 29 илјади луѓе, додека вкупната бројка на заразени се искачи над 157 илјади.