15 вреќи ѓубре и остатоци од педалинки собрани во акција на иницијативата Чист Охрид

12-тина активисти денеска собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки при денешната 33. акција на Чист Охрид, која беше инспирирана од иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.

„Младите луѓе по се изгледа заборавиле или воопшто не знаат како да се грижат за животната средина. Целиот поглед кон прекрасното Охридско Езеро беше збогатено со остатоци од презервативи и влажни марамици, кои беа во огромен број“, велат активистите.

Тие информираат дека веднаш по акцијата ги известиле и службите на Охридски Комуналец, а истовремено упатуваат и апел за зачувување и заштита на животната средина.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.