14. издание на „ЕХО“ Фестивал на планински филм од 23 до 27 октомври

Од 23 до 27 октомври во Младинскиот културен центар и Кинотеката ќе се одржи 14. издание на „ЕХО“ Фестивалот на планински филм.

Организаторите најавија дека три кино локации во рамки на петте фестивалски денови ќе бидат исполнети со проекција на 55 филмови, многу локални и меѓународни презентации со исклучителни гости, работилници за деца и дополнителни пропратни активности поврзани.

Целосната програма може да се погледне на следниов ЛИНК.