13 ученици загинаа во пожар во интернат во Кина

Најмалку 13 луѓе го загубија животот во пожар во училишен интернат во централна Кина, јавуваат кинеските државни медиуми.

Пожарот избувнал околу 23 часот во петокот според локално време во градот Нанјанг, во провинцијата Хенан каде се наоѓа училиштето Јингкаи.

Локалните власти изјавија дека покрај починатите едно лице е повредено и се наоѓа на лекување во болница.

Државните медиуми објавија дека противпожарните служби пристигнале во 23:38 минути по локално време.

Локалните власти ја истражуваат причината за пожарот, а познато е дека е приведено едно лице од службата на училиштето.

Пожарот се случи неколку пред Кинеската нова година кога почнува распуст за учениците и тие можат да се вратат дома.