Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 106 нови случаи на Ковид-19, при направени 761 тестирања.
Новите случаи се забележани во: Скопје-72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.
Институтот за јавно здравје, пак, денеска регистрира 603 оздравени пациенти.
Починати се 20 лица, од кои четири биле пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047.
Од вчерашната статистика е регистриран еден контролен тест.
Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид -19.