10 починати и 166 нови случаи од ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 10 лица, односно двајца пациенти од Скопје на 86 и 66 години, еден од Куманово на 72 години, двајца од Штип на 59 и 55 години, тројца пациенти од Прилеп на 79, 74 и 78 години, еден од Охрид на 82 години и еден пациент од Радовиш на 65 години. Пациентите се починати во болнички услови.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 166 нови случаи на ковид-19 и тоа 88 во Скопје, по 13 во Тетово и Охрид, 11 во Струга и Прилеп, 7 во Гостивар и по 4 во Кавадарци и Штип.

По двајца новозаболени се регистрирани во Куманово, Крива Паланка, Кочани, Пробиштип, Кичево и Неготино, а по еден нов случај има и во Велес и Крушево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 416 оздравени пациенти од Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7,  Штип-12, Прилеп-15,  Тетово-14,  Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево -2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704“, посочуваат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Ковид -19, а во изминатото деноноќие се направени 1049 тестирања.