10.3% од граѓаните не веруваат дека Ковид-19 постои, покажува истражувањето на МЦМС

10.3% од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, мал дел од граѓаните, 4.9%, веруваат дека појавата на вирусот е поврзана со воспоставување на 5Г мрежи во светот, 19% сметаат дека вирусот е природно појавен, додека 22.6% од граѓаните не знаат како се појавил вирусот.

Понатаму, 36.7% од граѓаните веруваат дека вирусот е излезен од лабораторија со намера, а 6% веруваат дека е излезен од лабораторија по грешка. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на  Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведена преку телефонско анкетирање на 1.000 испитаници над 18 години.

Во однос на загриженоста на граѓаните за моменталната состојба во светот и во земјата во однос на новиот коронавирус и Ковид-19 кризата, 42.7% од граѓаните се изјасниле дека се донекаде загрижени, 28,6% дека се многу загрижени, додека 11.9% дека се донекаде загрижени. Воопшто не се загрижени 16.6% од испитаниците.

 

Во однос на работниот процес, испитаниците се изјасниле дека во моментов работат од, 59.1% од работното место, 17.8% од дома, 22% од нив се на принуден одмор, додека 1% од испитаниците одбиваат да одговорат.

Целосната анализа на МЦМС може да се погледне на следниов ЛИНК.