1.406 новозаразени и 21 починат од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Рекордни 1.406 случаи на заразени со Ковид-19 се потврдени во последните 24 часа во земјава, информираа попладнево од Министерството за здравство (МЗ). Регистрирани се 627 случаи во Скопје, 98 во Прилеп, 84 во Гостивар, 73 во Куманово, 72 во Тетово, 57 во Охрид, 55 во Велес, 51 во Битола, 40 во Кавадарци, 37 во Штип, 34 во Кочани, 30 во Струмица, 20 во Виница, 17 во Струга, 13 во Ресен и по 11 во Гевгелија, Свети Николе и Неготино.

Потоа, по десет нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Крива Паланка и Кичево, девет во Радовиш, по осум во Крушево и Валандово, шест во Делчево, четири во Пробиштип, по два во Демир Хисар, Македонски Брод, Берово и Кратово и по еден случај е регистриран во Дебар и Пехчево.

Од МЗ информираа дека од Ковид-19 починало 21 лице, односно, шест пациенти од Скопје на 77, 64, 74, 81, 73 и 74 години, тројца од Штип на 84, 70 и 62 години, тројца од Прилеп на 51, 40 и 55 години, еден од Струга на 64 години, четири пациенти од Битола на 79, 77, 74 и 77, еден од Гостивар на 72 години, еден од Радовиш на 70 години, еден од Македонски Брод на 66 години и еден пациент од Берово на 85 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 937 оздравени пациенти, односно, од Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12, Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4 и од Неготино-10.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50015, бројката на оздравени пациенти е 29583, на починати е 1397, а бројот на активни случаи изнесува 19035. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени 300.200 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.398 теста.