Школа за млади литерати утре во Битола

Школа за млади литерати ќе се одржи утре (21 јули), во НУУБ „Климент Охридски“ во Битола.

Почетокот на настанот е најавен во 10 часот, а школата се одржува во рамки на годинешното издание на „Битфест“.

За вечерта пак, со почеток во 20 часот, во Салонот на Друштвото на ликовни уметници од Битола ќе биде отворена и фото изложба на авторот Михаил Гаџовски.