Со цел да се овозможи и простор за дискусија околу значењето на младинското учество и младинските политики на локално ниво, но и да се креира платформа за размена на искуства околу одржливоста на младинските совети, во среда (22 јули)во ЕУ Инфоцентарот во Скопје ќе се одржи конференцијата „Младите одлучуваат“. На неа ќе бидат претставени најзначајните резултати од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, како и добрите практики развиени преку активностите и соработката помеѓу младите, младинските организации и институциите.
Во рамките на панел дискусиите и обраќањата на говорниците на конференцијата, ќе бидат промовирани проектните активности, со особен акцент на оние кои се покажале како значајни во процесот на основањето на локалните младински совети, како и препораки за сите општини кои во иднина ќе започнат процеси на формирање на локални младински совети.
Дополнително, на Kонференцијата ќе биде промовирана и публикацијата од проектот, во која се содржани активностите кои беа спроведени, формите и структурите на основаните совети, како и голем број на други корисни информации.
Конференцијата ќе ја отворат претставник од Делегацијата на Европската комисија, од министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, како и координаторката на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учетво во 12 општини”, Сања Божовиќ.
Во својство на говорници на панел дискусијата „Практики и предизвици при процесот на креирање на локалните младински совети” учество ќе земат: Јулијана Даскалов, Eксперт за младински политики и младинско учество; Емилија Андонова, Локален координатор за општина Неготино; Илир Османи, Престседател на локален младински совет на Липково; Сефер Селими, Координатор за млади во општина Гостивар и Дамјан Николовски, Претседател на Национален младински совет на Македонија.
Почетокот на конференцијата е најавен во 12 часот.