[Видео] Четврто издание на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE

Со голема посетеност и ексклузивни гости завшри четвртото издание на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE, која се одржа на двата подиуми во Младинскиот културен центар во Скопје. Оваа година изобилуваа говори кои покренаа општествени прашања, открија нови агли на видување, а на моменти предизвикаа и емоции.

За оние кои не успеаа да присуствуваат на конференцијата, во продолжение е видеото од сите говори кои се одржаа на големата сцена како и атмосферата снимена од фото објективот на Ванчо Џамбаски.