[Видео] Започна протестот пред СПУКМ: „Држава полициска!“

Студенти, родители, активисти, од различна возраст во моментов се пред седиштето на Студентскиот парламент, кое се наоѓа во дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, барајќи да да се поништат изборите за претседател на СПУКМ. Студентски пленум, кој повика на овој протест, бара одговорност од Министерството за внатрешни работи, поради како што велат, неоправданото насилство врз нивни членови за време на вчерашната блокада.

Демонстрантите се собраа во 19 часот, по што почнаа да извикуваат „Стоп за полициска бруталност“ и „Држава полициска“. Свои обраќања во моментов имаат студентите Демијан Хаџи Ангелковски и Ивана Туфегџиќ. Тие прашуваат дали во оваа држава конечно ќе се апсат криминалци, наместо да се тепаат студенти.

Oд Пленумот негираат дека употребиле насилство кон претставниците на СПУКМ, кои ги носеа вчера кутиите и ги повикуваат ако тоа е точно, да се покренат пријави. Меѓудругото, бараат од новиот претседател на СПУКМ Давор Поповски, да ги поништи изборите.

Тие најавија порадикални чекори во наредната академска година. Од МВР, пак, бараат сите полициски службеници коишто се однесувале грубо да бидат најдени од снимките коишто ги поседува МВР и веднаш да се покрене дисциплинска постапка против нив. Во спротивно, велат од Пленумот, тие засебно ќе поднесуваат кривични пријави, против министерот, командирот и секој што ставил потпис за синоќешната акција.

Во продолжение, дел од атмосферата пред СПУКМ.

13588904_1346453395368931_1387555095_o

13563448_1346453178702286_1259555189_n