[Видео] Првата епизода од документарниот серијал на Кадар, „Видеоскоп“ – „Лош сигнал“.

Каде е излезот од кризата во македонското новинарство? Има ли надеж за објективно информирање на јавноста, ослободено од стегите на политичките и бизнис елити?
Ова се само дел од прашањата на кои се обидуваме да одговориме во првата епизода од документарниот серијал на Кадар, „Видеоскоп“, насловена „Лош сигнал“.

Во краткиот, 15-минутен документарец се појавуваат новинарите: Искра Новаковска, Јане Димески, Бранко Героски, Маја Блажевска Евросимоска, Дејан Николовски, извршната директорка на Советот за етика во медиумите Марина Тунева, професорот по Етика во медиумите Дејан Донев, како и Љиљана Зуровац од Советот за печат во Босна и Херцеговина.