[Видео] Павле Богоевски пуштен на слобода, со нова прекршочна пријава

Активистот Павле Богоевски е пуштен на слобода, откако вечерва го приведе полицијата за време на „шарената“ герила акција на Камени мост, за време на партиската прослава на ВМРО ДПМНЕ.

Богоевски е пуштен со прекршочна пријава, која како што изјави, ми е напишана поради непочитување на наредба на службено лице.

„ Ова уште еднаш ги покажува аршините на селективна правда на власта. Имаме луѓе кои доаѓаат со платно од седум метри на кеј, кои ги апсите, врзувате, казнувате по наредба, а од друга страна се извршителите на сериозни кривични дела кои упорно седат на слобода“, изјави Богоевски.

Веста за приведувањето брзо се прошири на социјалните мрежи, по што пред полициската стануца во Кисела Вода започнаа да се собираат граѓани. Тие со овации го дочекаа ослободувањето на Богоевски и ги закачија платната од герила акцијата на оградата пред станицата „Пролет“.

„Партијата да се одвои од гатачката“, „Година по година, криминално здружение!“ беше испишано на транспарентите.

Приведување на Богоевски

Погледнете го во продолжение и видеото на Радио МОФ од настанот:

За утре во Скопје пак Шарената револуција најави нов масовен протест во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Протестот доаѓа по истекувањето на рокот од ултиматумот за исполнување на две барања на револуцијата до 18 јуни – признавање на уставноста на СЈО и запирање на прогонот кон демонстрантите.

VAF48906