[Видео] Граѓански бунт за воздух – смог, протести и еколошки бомби

Кои се барањата на националниот протест за воздух кој се организира во понеделник пред Влада, какви мерки се преземаат за поради аерозагадувањето, кои се препораките на еко  здруженијата се дел од прашањата на денешната дискусијата „Граѓански бунт за воздух“.  Во неа говореа Александра Бујароска, еколошки правник и дел од Фронт 21/42 и Невена Смилевска од Еко свест.

„Во понеделник, ќе презентираме акт што ќе биде прв обид по Велес институционално да се води борба против загадувањето. Идејата на протестот во понеделник е да кажеме дека ни е смачено, дека бараме да се преземат мерки“, истакна Бујаровска

Таа потсети дека според најавите, уште во 2015 беше планирано да нема надминување на граничната вредност од 20 микрограми на кубен метар со ПМ 10 честички. Побара Министерството за екологија да си ја врши работата и потсети на еколошките бомби како Охис, Железара и Јегиновце .

Според Невена Смилевска од Еко свест мерките што се спроведуваат не покажуваат дека Скопје се бори за почист воздух. Помината е секоја граница на дозволеното, вели таа, потребни се итни мерки.

„Сиромавиот двапати плаќа, само што плаќаме во здравје и години од животот“, вели Смилевска .

Целата дискусија во продолжение: