[Видео] Генерален средношколски марш во Скопје

Средношколците излегоа на генерален марш во Скопје револтирани од игнорантскиот однос на МОН кон Средношколскиот пленум и нивните барања за враќање на стариот концепт на државната матура и запирање на екстерното тестирање.

Од Собранието, преку Владата тие маршираа се до Министерството за образование каде фрлија жолти картоните како последна опомена до надлежните и побараа да бидат слушнати нивните барања.

Погледнете го петминутното видео од денешниот марш низ Скопје: