Велешките извидници освоија трето место на натпревар во Србија

Патролата составена од извидниците Благојче Ѓорѓиев, Трајче Темелковски, Мартин Голчев, Теодор Ѓорѓиев и Иван Гушев на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ го освои третото место на „42 Меморијал Чика Драги“ во Ниш, во категоријата на истражувачи. Тој се одржуваше од 12 до 14 мај во месноста Белотинац, во близина на Ниш.

Овој меморијал претставува еден од најстарите и најпосетуваните собири на извидници во Република Србија. На оваа манифестациија учествуваа повеќе од 150 извидници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.

Првото место им припадна на извидниците од ИО „Ѓука Диниќ“, а додека вторто место им припадна на извидниците од „Крал Петар I“, и двата одреди од Ниш.

//