Училиштата мета на крадци, учениците од село Батинци останаа без 37 компјутери

Уште едно училиште во Македонија остана без компјутери, откако видендов (меѓу 24-ти до 27-ми јануари)од ОУ „Алија Авдовиќ“  во село Батинци, украдени се 37 лап топи.

Училиштата мета на крадци, учениците од село Батинци останаа без 36 компјутери

Настанот го потврди полицијата, од каде посочуваат дека преземале мерки за откривање на сторителот кој насилно влегол во училиштето и незабележително ја напуштил зградата откако ја извршил кражбата.

Ова не е единствената ваква кражба од почетокот на годинава. Пред неколку дена крадец влезе и во ОУ„Гоце Делчев“ во тетовското село Стенче тетовско, каде што биле украдени четири компјутери и два монитори. И тука сторителот насилно ја отворил влезната врата од училиштето, по што ги одзел компјутерите и заминал во непознат правец.

Три лап топи и еден 19 инчен ЛЦД монитор неа украдени и од кабинет на Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје. Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот го скршил прозорот и влегол внатре во кабинетот.

Пред Нова година пак, без компјутери остана и учениците од ОУ „Даме Груев“ во Битола од каде беа украдени 23 лаптопи.