Судот овозможи Тајван да стане прва држава во Азија која ќе легализира истополови бракови

Највисокиот суд во Тајван пресуди во корист на истополови бракови, со тоа давајќи можност оваа земја, прва во Азија, институционално да ги легализира.

Врховниот суд одлучуваше околу уставните пречки на сегашното законодавство, според кое бракот е заедница на маж и жена, пренесува ББЦ.

Парламентот сега е должен да ги адаптира законите или да донесе нови.

Денешната одлука доаѓа откако ЛГБТ заедницата во регионот се соочува со зголемен прогон.

Тајван, државата за која Кина тврди дека го има суверенитетот, е позната по либералните вредности и одржува најголем годишен „геј прајд“ настан во тој дел од светот.

Можноста за еднаквост во бракот се надоградува од ланската година, кога претседателот Цаи Инг-вен, кој отворено го поддржува тој чекор, доаѓа на власт.

Дебатата сепак поминувала со незадоволство. Последните месеци се случиле неколку големи протести од конзервативците во земјата.

Сега, откако Судот составен од 14 судии пресуди во корист на правната пречка, парламентот, познат во земјата како Законодавен Јуан, ќе започне процес на прилагодување на законите. Тие сега можат или да ги легализираат истополовите бракови, или да воведат нов, посебен закон за граѓанско партнерство.

Предлог-закон за легализација на истополовите бракови веќе е во парламентарна процедура, но, процесот запрел поради противењето на традиционалистите, кои не сакаат Тајван да биде првата земја во Азија која би дозволила такви бракови.