Студентска окупација – денешната програма во автономните зони

Предавања, работилници, проекции и музика се дел од денешната програма во автономните зони на Филозозофски/Филолошки факултет и на Машински/ФЕИТ.

Програмата на Филозозофски/Филолошки факултет започнува во 11 часот со ороекција на италијански филм на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Од 14:30 до 15:30  е најавено предавањето на професорот Ферид Мухиќ насловено „Одбрана на академската република”, по што студентите ќе имаат можност да се забавуваат со акустичната свирка со Владимир Мартиновски и диџеј сетот на Соња Исмаил.

Програмата за седмиот ден од оваа автономна зона завршува со проекција на филмот „Princess Mononoke“, од 20:00 до 22:00 часот.

Во склоп на алтернативните предавања на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”,  денеска во 11 часот е најавено предавање на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова на тема: ,,Криза на претставничката демократија”.

Во продолжение може да ја погледнете и програмата на техничките факултети кои се окупирани веќе шести ден: