[Фото] Студентска окупација: Акција за утринско будење на Економскиот и Правниот факултет

Со извици „Автономија“, „Дојди и приклучи се“ студентите утрово се упатија на Економскиот и Правниот Факултет за како што велат , да ги разбудат своите колеги и да ги поканат да им се прудружат во окупацијата, јавува репортерката на Радио МОФ.

1

„Од вчера го окупиравме Филозофски и ќе имаме алтернативни предавања. Нема да има предавање додека не се усвојат барањата“, порачаа утрово студентите и ги повикаа останатите на заедничка борба.


Тие утрово од Филозофски/Филолошки факултет се упатија прво на Економски, а потоа и на Правниот дакултет при УКИМ. За денеска е најавена окупација на техничките факултети.