Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој ќе биде отворена денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

По петти пат, студентите на ФЕИТ и стручната јавност низ 50-тина студентски трудови и седум пленарни предавања од компании и четири предавања на професори, ќе разговараат за енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Областите кои ги опфаќа оваа конфереција се: обновливи извори на енергија, електрични возила и енергетски ефикасен транспорт, енергетски ефикасна животна средина како и многу други.

„Ветуваме многу забава како и нови сознанија од оваа проблематика“, велат организаторите.

Влезот е слободен.