Студент во земјата на чудата

Студенскиот живот, толку различен од замисленото после последните средношколски денови, тоа е кога сонуваш со страв имаш огормен страв дека пчелите ќе бидат над медот и твојата улога ќе биде да се браниш од нив, ни никогаш не очекуваш дека нема да наидеш ниту на трошка мед. Кога секој мал микрорганизам наречен студент би имал барем еднш право на свој сопствен говор би бил благословен и среќен како мало дете на својата безимена играчка.

Но, Алиса, Пандора и сите среќници кои што се во земја со чуда или пак држат кутија со надеж се само апсурдни ликови кои студентите ги заборават кога ќе наидат на место во кое бетонот и столбот не се ниту чудо, ниту надеж. Само малку од храброста на мали, но премногу тешки глави би направило чуда во заедницата кога нивните мали но огромни зборови би допреле до нечии уши, би се веметнале во некои глави и би станале реализација на некои раце.

Кога живеш во место каде што убавите чуда одамна се дел од минатото, единствена надеж ти е бурната имагинација која ти поминува низ глава во моментот кога те чекат страните кој што треба да ги подготвиш за испит. Деновите имат своја светла страна, единствено нешто што треба да се направи е да се следат оние мали глави полни со идеи за нивната земја на чуда. Совршено би било местото кога ќе појдеш на факултет и ќе ги видиш лица полни со топлина и насмевка, пријателска насмевка, наместо реалноста на змијските погледи чиј што говор е безличен и арогантен со цел само да се биде различен и поблиску до оние кои што го имат правото на глас, кога оние страни што ќе ги имаме за учење ќе бидат потикнати со мотивација, кога барем еднаш во тешката година помеѓу сивилата би дошол некој и би одражал предавње за сите нас, за нашата амбиција, за нашата мотивација, за нашата интелигенција, за нашата дружба, кога барем еднаш ќе дојде некој и ќе ни ги соопшти нашите права, а не само нашите обврски, кога некој би погледан низ низата на редови и би одржал едно предавње во кое се зборува за животните студенски правила, кога созревањето и сопстевната лична едукација би биле на прво место нашито живот би бил подобар од оној на Алиса, нашите резултати би биле подбри од оние на најдобрите, но каде каде ќе одиме по сивилото кога светлите точки се магнет кој што стои само на местото што е привлечно, како би фонкционирале младите глави кога старата амбизиозност го гризе мозокот?

Ах, тие безмислени прашања кои што тешко наоѓат одговор и жалноста кога малку од твоите вистински амбици ги покажуваш на место каде што градиме најголем дел од сопствените наши лица, како ние би биле горди граѓани, вистински личности, добри пријатели и вредни примери кога никој никогаш не ни го покажал тоа, кога сите зборуват за работните далечни места кои што никогаш нема да бидат според ветеното, сонуваното, смисленото, кога сите сонови ќе пропаднат во провалија… Но, што би бил ти ако не бескраен сонувач и талакч?
Што би бил ти ако не конфузен амбециозен студент? Валкна крпа, предмет за подмев, работник без платена работа?

Животот во земјата на чудата, каде што вистинските трудови и знаења би се ценеле би било иделното место, кога главните акценти би се ставиле на знаењата , но никогаш не би се заборавиле срцата на оние почетници кои што се превладени од своите ровки емоци и пропадната мотивација, тие студенти никогаш не би биле вистински луѓе, пред да се работи на знаењата, се гради личноста, се зацврстува нејзиниот ентериер, и се поготвува нејиниот став, никогаш ниеден дипломиран економист, правник, психолог… не би бил студент ако не е личност со добар ентерир, со вистински осмислени зборови, со став, но тоа не зависи секогаш од самите нас, кога сите пропаднати и безвредни материјални средтсва би се ставиле во вистинска жива материја, која се нарекува студент општеството би просперирало, кога секој еден би бил со насмевка, кога низ улицата би се шетале горди родители, општеството, луѓето би ја граделе единствената надеж која што не треба да пропадне, надежта која што се оние амбициозни глави на кои што им е потребна патека, потпора, инвистиција, би биле успешни деловни луѓе, искрени политичари, вредни работници, инспирирана толпа која што земјата на чудата ќе биде секојдневната просторија во која што се опстанува, каде што замилсеното не би постоело, а реализираното би надвладувало, само тогаш би биле успешни, помешани со среќни, декорирани со вредност и просликани со чесност, подготвени за изградба на иднината.

Ангела Зумровска