Струмичките средношколци излегоа на протест

Струмичките средношколци во голем број излегоа на протест и кажаа „не“ за овој образовен процес и „не“ за сегашните тестирања, јавува порталот „24Струмица

„Образовниот систем е претворен во лично претпријатие, во нова можност да ги исполнат сопствените џебови. Ограничени во своите сфаќања ни наложуваат нови тестирања, а се заборави на знаењето. Зарем тоа не беше најбитното нешто, што ќе смени некој од нас колку научил математика доколку истата ја полага на матура. Проблемот е во самиот образовен процес, а не во проверките на истиот, затоа гласно и јасно кажуваме НЕ на непотребните тестирања и стресови“, вели Катерина Караманова, средношколка од СОУ „Јане Сандански“.

Средношколците побараа работилници, лабoратории, веродостојни книги напишани од доктори и академци и порачаа дека нивната борба започнала поради екстерното тестирање и новиот концепт на државна матура.