String Forces објави видео за песната „Има ли“

Македонската група String Forces ја започна 2017 година со ново видео за песната „Има ли“. Тие синоќа го промовираа видеото во две верзии, каде песната е отпеана на македонски и на германски јазик. За видеозаписот велат дека е слоевит, долго дотеруван, со многу жар, фокус и посветеност. Во продолжение, погледнете го видеото за „Има ли“.