[Став] Заедно ќе им дадеме причина никогаш да не ја заборават 2014!

Добар ден, Скопје. Дозволете ми првин да се извинам за овој прекин. И јас, како многу од вас, ги ценам удобностите на секојдневната рутина, безбедноста на познатото, сталоженоста на репетициите. Уживам во нив како секој друг. Но во духот на историјата, во духот на годините уназад поврзани со некаква борба, сакав да го прославиме крајот на оваа година и да напоменеме дека ќе се памети на тој начин, така што ќе седнеме малку и ќе си позборуваме.

Секако, ги има тие што не сакаат ние да зборуваме. Веројатно и сега, наредби се извикуваат во телефони, и луѓе со оружје стојат зад овие барикади. Зошто? Бидејќи иако пендрекот може да биде користен наместо разговор, зборовите секогаш ќе ја зачуваат својата моќ. Зборовите даваат форма на значењето, и за оние кои слушаат, ја артикулираат вистината. А вистината е.. Има нешто многу погрешно со оваа земја, нели? Суровост и неправда, нетолеранција и тиранија. И кога мислевте дека имате слобода да се жалите, да мислите и зборувате како што сакавте, имате цензура и системи за набљудување и заокружување кои ви наметнуваат конформитет и ве принудуваат на послушност. Како се случи ова? Кој е крив? Секако, има луѓе кои што се поодговорни за ситуацијата, и на нив ќе им суди иднината.

Но сепак, да бидеме реални, ако барате виновник.. Само погледнете во огледало. Знам зошто сте постапиле така. Знам дека бевте исплашени. Кој не би бил?! Постојани реформи, сиромаштија, корупција во образованието и целиот систем… Овие беа само дел од палетата проблеми што конспирираа да ви го корумпираат умот и да ви го одземат здравиот памет. Се исплашивте, и во вашата паника се свртивте кон нашата сегашна влада. Ни ветија ред, ни ветија мир, и се што побараа за возврат, беше нашата тивка, целосна послушност.

На 17ти ноември престанавме да бидеме тивки. На 10ти декември повторно го потсетивме народот на тоа што го заборавил. Пред само седумдесетина години, луѓе со големи срца се бореа и успеаа за прв пат во историјата да се изборат за целосна слобода. Тие се надеваа дека ќе знаеме дека правдата, слободата и чесноста се повеќе од зборови.. Тие се перспективи!

Но ако не сте виделе ништо од ова, ако криминалните реформи на оваа влада ви се непознати, тогаш ви препорачувам да оставите оваа година да помине како што одеше досега. Но ако го гледате тоа што јас го гледам, ако се чувствувате како што се чувствувам јас, и ако барате решение како што барам јас, тогаш ве повикувам да застанете со мене, три дена од сега, пред вратите на парламентот, и заедно ќе им дадеме причина НИКОГАШ ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВАТ 2014 ГОДИНА!

* Говорот е прeземен од филмот „V for Vendetta“ и беше прилагоден и прочитан на денешниот студентски протест пред Влада.