„Солидарност“ со поддршка за професорите кои штрајкуваат со глад

Левичарското движење “Солидарност” се солидаризира со штрајкот со глад кој го започнаа тројцата професори, Крсте Шајновски, Маргарета Матлиевска и Александар Костадиновски од универзитетот во Штип поради неисполнување и прекршување на законските одредби за кариерен развој и право на вработување и социјална сигурност.

„Солидарност“ со поддршка за професорите кои штрајкуваат со глад

– Грубото нарушување на процедурите, очигледно преку гласањето на наставно-научниот совет спротивно на заклучоците на рецезентската комисија која е оформена од истиот тој совет, а притоа не наведувајќи никакви образложенија наведува кон сомнеж за несмасен изблик на самоволие на управните органи и лица на Универзитетот Гоце Делчев. Л Д Солидарност најстрого го осудува и спречувањето на правото на штрајк на професорите во просториите на универзитетот од каде биле отстранети со повеќебројно обезбедување, соопштуваат од движењето.

„Солидарност“ ги поздрави конкретните чекори кои ги превзема СОНК и ги охрабри „да издржат во своите определби раководните членови на овој синдикат кои исто така започнаа штрајк со глад како чин на солидарност кон нивните колеги“.

– Левичарското движење “Солидарност” ја поздравува оваа акција за вонинституционално и законско покажување на незадоволството во време кога веќе не постојат можности за решавање на проблемот во институциите на системот и истовремено ги охрабрува професорите и останатите работници во што поголем број да го поддржат штрајкот затоа што кога институциите ќе се затворат пред барањата на работниците, штрајкот е најсилното оружје во нивните раце, се вели во соопштението.