Со референдум против новите рудници – Оваа борба е над сите политики

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Валандово и Гевгелија, два града во југоисточниот дел од Република Македонија, меѓусебно се оддалечени приближно 30 километри. Сместени во иста котлина и со иста клима, која наликува на медитеранската, градовите опстојуваат од одгледување на едни од најеколошките производи во земјата. Но, идиличната слика може да ја наруши изградбата на рудници во нивните околини. Овде, започнува борбата на жителите за својата, и иднината на нивните деца.

    Пред речиси две недели членовите на Советот на општина Гевгелија едногласно прифатија да се распише референдум на кој гевгеличани ќе кажат дали сакаат, или пак, се против отворање на рудници за злато. Одлуката се донесе на вонредна седница, која пак, се одржа по силниот притисок на тамошните активисти, кои јасно кажаа „не“ на новите рудници.

    „Референдумот не e политички избор. Овде не гласате за оваа или онаа политичка партија. Овде гласате за својата и иднината на вашите деца. Овде гласате за себе“, нагласува гевгеличанецот Ангел Наков, кој е еден од активистите на иницијативата „Спас за Гевгелија“.

    Како што вели тој, најмногу половина час му е потребно на секој жител да излезе и да го искаже својот став на 23 април за тоа дали сака рудник во близина на неговиот град.

    Постер на иницијативата „Спас за Гевгелија“, со кој повикуваат на излезност на референдумот

    „Овој проблем ги обедини гевгеличани бидејки последиците од отварањето на рудниците се застрашувачко катастрофални. Тоа се потешки од последиците на фрлените нуклеарни бомби на Хирошима и Нагасаки. Таму луѓето со текот на времето повторно се вратија во своите домови. Во овој случај, без исклучок, каде што се отворени рудници за злато од ваков вид, останува комплетен пустош, каде полупериодот на распаѓање на отровните тешки метали изнесува 3.000 години. Кога ќе дознаете дека некој сака од вас да направи бегалец, да ве исели од вашиот дом, да ги затруе вашите најблиски, тогаш луѓето застануваат одлучно и единствено во одбрана на својата фамилија, индината на своите деца и внуци“, вели Наков.

    Тој предупредува дека копањето на рудата во овој вид на рудници се врши исклучиво со експлозив и тоа од 20 до 100 тони експлозив на ден.

    „Овој вид на рударство во првата фаза врши комплетно раскрчување на целокупниот растителен свет. Во нашиот случај тоа е комплетно искрчување на единствената и автохтона букова шума на површина од 3000 хектари. Тоа е единствена еколошка оаза од ваков вид во Европа. Само оваа причина е доволна и да не се помисли некој да отвара рудници во овој регион“, потенцира овој активист.

    Според него, експлозиите ќе го елиминираат целокупниот животински свет во радиус од дваесетина километри, ќе предизвикаат потреси од 3 до 4 степени според Рихтер, а ќе се создава и 10 тони прашина дневно, која како што вели, во себе ќе содржи арсен, талиум, антимон и суфорен диоксид – состав што го нарече „коктел на најмоќните отрови во природата“.

    „Оваа прашина ќе предизвика веднаш зголемување на заболувањата од рак за најмалку 5 пати, проблеми со респираторниот систем за 7 пати, проблемите кај новороденчињата ќе се зголемат за десет пати“, забележува Наков.

    Ова прашање, како што вели тој, ги засега и граѓаните на Валандово, Богданци, Дојран, Струмица, Берово, Пехчево, Радовиш, Штип, Кочани, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Според Наков, треба итно да се забрани отварање на рудници со отворен коп и добивање на метали  со постапка на лужење.

    Но, ова се само дел од низата причини поради кои гевгеличани се изборија за референдум, за кој сметаат дека е најдемократската форма на одлучување кога станува збор за прашање од кое се засегнати 270 000 луѓе – жителите на Гевгелија и околните градови.

    Југоисточниот регион на Македонија отсекогаш бил надалеку познат по своето земјоделско производство и природните убавини – никогаш како регион во кој би можело да опстанат тешки индустрии. Но, нов рудник ќе се гради и во Валандово. Впрочем, темелите беа поставени уште во август, минатата година. Оттогаш, земјоделците од овој крај стравуваат за квалитетот на нивните производи, кои пак, завршуваат на трпезите во повеќе градови низ државата и странство.

    Активисти на „Спас за Валандово“

    „Постоењето и отпочнувањето на работа на овој рудник ќе ги уништи сите оние убави нешта по кои е претпознатливо нашето поднебје за само осум до дванаесет годишен век на работа на рудникот, кој ќе остави трајни последици на здравјето на нашите и идните генерации, нашиот економски проход и репутацијата на нашиот еколошки крај. Постоењето на овој рудник воопшто не е само сериозен локален проблем, ова е регионален и национален проблем“, вели Роберт Марков, активист од иницијативата „Спас за Валандово“.

    Радио МОФ пишуваше за рударскиот комплекс Казандол во околината на Валандово и за можните последици од неговата работа. Директорот на компанијата „Сардич МЦ“, Бошко Сибиновски, тогаш тврдеше дека рудникот нема да наштети на екосистемот бидејќи се вложило во современа опрема. Но, според активистот Марков, таква опрема не постои.

    „Инвеститорот не може да гарантира само на одредени поединци дека овој рударски комплекс нема да има никакво влијание врз нашите животи, а ние слепо да веруваме во тоа. Локалната самоуправа, градоначалникот на Општина Валандово и инвеститорот мораат на разбирлив начин за граѓаните да ја приложат секоја еколошка и социо-економска анализа поврзана со овој рудник, да ги приложат сите добиени лиценци и јавно и транспарентно да го објаснат процесот на кој тие се добиени. Дури после ова, граѓаните нека се изјаснат на референдум дали одобруваат да се опростиме од сè она што го имаме и да дозволиме работа на тешка и загадувачка индустрија во нашиот крај“, појасни Марков.

    Пораката на активистите од Валандово е јасна, а таа гласи: „Целосно стопирање на доизградбата и отпочнувањето со работа на рударскиот комплекс Казандол“.

    Инвестицијата поважна од здравјето на човекот

    За властите отворањето на рудниците претставува огромна инвестиција и можност за намалување на невработеноста во својот град, преку создавање на нови работни места. Но, дали тоа вреди по цена на здравјето на своите жители?

    Според Марков, животот на валандовци нема да го подобри една ваква инвестиција.

    „Сто луѓе, од кои голем дел не би ни биле валандовци бидејќи немаме таков кадар, ќе земаат од 15 000 до 30 000 денари плата, а за сметка на тоа, сите оние кои ги имаат своите основни приходи од земјоделие, сигурно ќе ги изгубат своите“, смета тој.

    „Знаеме дека не е можно благосостојбата на еден поединец да се подобри без притоа да се влоши благосостојбата на друг поединец, но тука станува збор за подобрување на благосостојбата на 1.5% од населението а нарушување на благосостојбата на 98,5% од населението“, додава тој.

    На ова се надоврзува и Наков, кој вели дека самите граѓани попрво би прифатиле да гладуваат, без скршена пара во џебот, одколку да работат во рудникот за злато.

    „Во овие рудници, нивото на прашина во воздухот и на испарливите кисилини е на такво ниво, што работниците мораат постојано да работат со заштитни маски. Нормален човек, на вакви работни места не може да издржи подолго од една година. Вакви работни места не им требаат на нашите граѓани. Тоа се работни места што носат само многу болести и прерана смрт“, подвлече тој.

    Борбата против рудниците ги обедини граѓаните

    Активистите од Валандово и Гевгелија секојдневно преку видеа и фотографии на социјалните мрежи ги анимираат граѓаните. Иако не сите имаат Фејсбук профил, или пак, редовно „сурфаат“ на интернет, според Марков, онлајн кампањата имала доста голем ефект.

    „Пред две недели започнавме со четворица активисти, а моментално сме преку дваесет. Наскоро, организираме отворен собир и ќе ги поканиме сите граѓани да дојдат и да разменат мислења и идеи за натамошното делување на ‘Спас за Валандово’. Само сите заедно обединети може да ја добиеме оваа битка за здрав и чист регион“, вели тој.

    Гевгелиската иницијатива, пак, досега успеа да здружи преку 1000 доброволци кои делат флаери, разговараат и ги информираат граѓаните. Наков вели дека сите компании и цркви од Гевгелија се приклучиле кон информирање на своите вработени.

    Како што соопшти, во наредните неколку денови ќе се организираат големи трибини во Народниот театар со презентации од експерти од областа на екологијата, медицината и хемијата.

    Марков и Наков се согласуваат дека овие иницијативи се целосно отворени за секој, без никакви предрасуди и без разлика на партиска, етничка и верска припадност.

    „Природната и здравствената катастрофа предизвикана од рударскиот комплекс ќе не погоди сите без разлика на нашите поедини верувања. Во оваа борба против рудникот сме сите заедно, обединети, и секој кој ја чувствува заканата од негативностите на овој рудник е поканет да ни се придружи и да ја искористи оваа платформа за едукација која ја градиме заедно“, подвлече Марков.

    Емилија Петреска

  • Me referendum kundër minierave të reja – Kjo është betejë mbi të gjitha politikat

    Vallandova dhe Gjevgjelia, dy qytete në pjesën juglindore të Republikës së Maqedonisë, ndërmjet vete janë të larguara përafërsisht 30 kilometra.  Janë vendosur në luginën e njëjtë dhe kanë klimë të njëjtë, e cila i ngjan klimës mesdhetare, qytetet mbijetojnë nga kultivimi i produkteve më ekologjike në vend.  Por, imazhi idilik mund rrënohet nga ndërtimi i minierave në rrethinat e këtyre qyteteve.  Këtu fillon beteja e banorëve për të ardhmen e tyre dhe të fëmijëve të tyre.

    Para, pothuaj se dy javë anëtarët e këshillit të Komunës së Gjevgjelisë, njëzëri pranuan të shpallet referendum gjatë së cilit banorët e Gjevgjelisë do të tregojnë nëse duan, ose nëse janë kundër hapjes së minierave për ar.  Vendimi u morr gjatë seancës së jashtëzakonshme, e cila, u mbajt nën presion të fuqishëm të aktivistëve të atjeshëm, të cilët qartë i thanë “jo” hapjes së minierave të reja.

    “Referendumi nuk është zgjidhje politike.  Këtu nuk votoni për këtë ose për atë parti politike.  Këtu votoni për të ardhmen tuaj dhe të fëmijëve tuaj.  Këtu votoni për veten tuaj”, thekson Angel Nakov, banor i Gjevgjelisë, i cili është një nga aktivistët e iniciativës “Shpëtim për Gjevgjelinë” (Спас за Гевгелија).

    Siç thotë ai, çdo banori i duhet më së shumti gjysmë orë që të dalë dhe të shprehë qëndrimin e tij më 23 prill, në lidhje me atë se vallë dëshiron minierë në afërsi të qytetit të tij.

     

    “Ky problem i bashkon banorët e Gjevgjelisë, sepse pasojat nga hapja e minierave janë tmerrësisht katastrofike.  Ato janë më të rënda nga pasojat nga hedhja e bombave nukleare në Hiroshima dhe Nagasaki.  Atje njerëzit me kalimin e kohës përsëri u kthyen në shtëpitë e tyre.  Në këtë rast, pa përjashtim, ku janë hapur miniera për ar të llojit të këtillë, ka ngelur shkretëtirë e plotë, ku gjysme periudha e shkatërrimit të metaleve të rënda është rreth 3.000 vjet.  Kur do të kuptoni se dikush do tu bëjë refugjatë, do tu shpërngulë nga shtëpia juaj, ti helmojë më të afërmit tuaj, atëherë njerëzit qëndrojnë stoik, dhe vetëm në mbrojtje të familjes së tyre, në mbrojtje të të ardhmes së fëmijëve dhe nipërve të tyre”, thotë Nakov.

    Ai tërheq vëmendjen se gërmimi i xeheve në këtë lloj të minierave kryhet vetëm me mjete shpërthyese në sasi prej 20 deri më 100 ton eksploziv në ditë.

    “Ky lloj i xehetarisë gjatë fazës së parë bën shkatërrimin e plotë të të gjithë botës bimore.  Në rastin tonë kjo do të thotë shkatërrimi i plotë i pyllit të vetëm dhe autokton me ah, në sipërfaqe prej 3000 hektarë.  Kjo është oaza e vetme ekologjike e llojit të këtillë në Evropë.  Vetëm ky shkak mjafton as që të mos mendojë dikush të hapë miniera në këtë rajon”.

    Sipas tij eksplodimet, do të eliminojnë të gjitha gjallesat në radius prej njëzet kilometra, do të shkaktojnë lëkundje prej 3 deri në 4 shkallë sipas shkallës së Rihterit, ndërkaq do të krijohet edhe 10 ton pluhur në ditë, i cili, siç thotë ai, në vete përmban arsen, talium, antimon dhe dyoksid të sulfurit – përbërje të cilën e quajti “koktej prej helmeve më të fuqishme në natyrë”.

    “Ky pluhur do të shkaktojë menjëherë rritjen e numrit të të sëmurëve nga kanceri për të paktën 5 herë, probleme me sistemin respirator për 7 herë, problemet te foshnjat e sapolindura do të rriten për dhjetë herë”, thotë Nakov.

    Kjo çështje, siç thotë ai, i tangon edhe qytetarët e Vallandovës, Bogdancit, Dojranit, Strumicës, Berovës, Pehçevës, Radovishit, Shtipit, Koçanit, Kavadarcit, Negotinës dhe Demir Kapisë.  Sipas Nakov, duhet urgjentisht të ndalohet hapja e minierave me gërmim të hapur dhe fitimin e metaleve gjatë procedurës së pastrimit.

    Por, këto janë vetëm një pjesë nga shumë shkaqe për të cilat qytetarët e Gjevgjelisë luftuan për referendum, për të cilin janë të mendimit se është forma më demokratike e vendimmarrjes kur bëhet fjalë për çështje nga e cila janë të prekur 270 000 njerëz – banorë të Gjevgjelisë dhe qyteteve përreth.

    Rajoni juglindor i Maqedonisë prej çdo herë ka qenë i njohur për prodhimin bujqësor dhe bukuritë natyrore – asnjëherë si rajon në të cilin mund të ekzistojnë industri të rënda.  Por, minierë e re do të ndërtohet edhe në Vallandovë.  Në fakt, themelet  u hodhën që në gusht, vitin e kaluar. Prej atëherë, bujqit e këtij rajoni janë të shqetësuar për cilësinë e produkteve të tyre, të cilat, përfundojnë në tryezat e shumë qyteteve në të gjithë vendin dhe jashtë vendit.

    “Ekzistimi dhe fillimi me punë i kësaj miniere do të shkatërrojë të gjitha ato gjëra të bukura për të cilat është i njohur rajoni jonë, dhe për vetëm tetë deri në dymbëdhjetë vjet punë të minierës, do të lërë gjurmë mbi shëndetin e gjeneratave tona dhe gjeneratave të ardhshme, mbi të ardhurat tona ekonomike dhe mbi reputacionin për rajonin tonë ekologjik.  Ekzistimi kësaj miniere aspak nuk paraqet vetëm problem serioz lokal, ky është problem rajonal dhe nacional”, thotë Robert Markov, aktivist i iniciativës “Shpëtim për Vallandovën”.

    Radio MOF ka shkruar për kompleksin e minierave Kazandoll në rrethinën e Vaallandovës dhe për pasojat e mundshme nga puna e saj.  Drejtori i kompanisë “Sardiç MC”, Bosho Sibinovski, atëherë pohonte se miniera nuk do të shkaktojë problem mbi ekosistemin sepse është investuar në pajisje moderne.  Por, sipas aktivistit Markov, pajisje e tillë nuk ekziston.

    “Investuesi nuk mund tu garantojë vetëm individëve të caktuar se ky kompleks i minierave nuk do të ketë aspak ndikim mbi jetët tona, ndërsa ne verbërisht të besojmë në këtë pohim.  Vetëqeverisja lokale, kryetari i komunës së Vallandovës, dhe investuesi duhet në mnëyrë të  kuptueshme për qytetarët të paraqesin çdo analizë ekologjike dhe socio – ekonomike në lidhje me këtë minierë, ti paraqesin të gjitha licencat e fituara dhe në mënyrë publike dhe transparente të sqarojnë procesin se si janë siguruar ato.  Pas kësaj, qytetarët le të deklarohen në referendum nëse lejojnë të përshëndetemi nga e gjithë ajo që e kemi dhe të lejojmë punën e industrisë së rëndë dhe ndotëse në rajonin tonë”, sqaroi Markov.

    Mesazhi i aktivistëve nga Vallandova është e qartë, ajo thotë: “Stopimi i plotë i ndërtimit plotësues dhe fillimit me punë të kompleksit të minierave Kazandoll”.

    Investimi më i rëndësishëm se shëndeti i njeriut

     

    Për qeveritarët, hapja e minierave paraqet investim të madh dhe mundësi për uljen e papunësisë në këtë qytet, nëpërmjet krijimit të vendeve të reja të punës.  Por, nëse kjo vlen me çmim të shëndetit të banorëve ?

    Sipas Markov, jeta e banorëve të Vallandovës, nuk do të përmirësohet me një investim të këtillë.

    “Njëqind nejrëz, prej të cilëve pjesa më e madhe nuk do të jenë të Vallandovës sepse nuk kemi kuadër të këtillë, do të marrin nga 15 000 deri në 30 000 denarë, ndërsa në llogari të kësaj, të gjithë ata të cilat të ardhurat themelore i kanë nga bujqësia, sigurt do ti humbin ato”, konsideron ai.

    “E dimë se nuk është e mundur të përmirësohet mirëqenia e një individi pa u përkeqësuar gjatë kësaj mirëqenia e një individi tjetër, por këtu bëhet fjalë për përmirësimin e mirëqenies së 1.5% të popullatës ndërsa rrënimi i mirëqenies së 98.5% të popullatës”, shton ai.

    Me këtë ndërlidhet edhe Nakov, i cili thotë se vetë qytetarët më parë do të kishin pranuat të jenë të uritur, pa para në xhep, sesa të punojnë në minierë për ar.

    “Në këtë miniera, niveli i pluhurit në ajër dhe i acideve avulluese është në nivel të tillë, që punëtorët do të duhet vazhdimisht të punojnë më maska mbrojtëse.  Njeri normal, në vende të këtilla pune, nuk mund të durojnë më gjatë se një vit.  Vende të këtilla pune nuk u dihet qytetarëve tanë. Këto janë vende pune që rezultojnë vetëm me shumë sëmundje dhe vdekje të hershme”, theksoi ai.

    Beteja kundër minierave i bashkoi qytetarët

    Aktivistët e Vallandovës dhe Gjevgjelisë për ditë nëpërmjet videove dhe fotografive në rrjetet sociale i animojnë qytetarët.  Edhe pse jo të gjithë kanë Fejsbuk profile, ose po, nuk janë rregullisht në internet, sipas Markov, onlajn fushata deri tani ka rezultuar mjaft e suksesshme.

    “Para dy javë filluam me katër aktivistë, ndërsa për momentin jemi mbi njëzet.  Së shpejti, organizuam mbledhje publike dhe i ftuam të gjithë qytetarët të vinë dhe të këmbejmë mendime dhe ide për veprimin e mëtejshëm të “Shpëtim për Vallandovën”.  Vetëm të gjithë së bashku të bashkuar, mund të fitojmë këtë betejë për rajon të shëndetshëm dhe të pastër”, thotë ai.

    Iniciativa e Gjevgjelisë, nga ana tjetër, deri tani ia doli të bashkojnë mbi 1000 vullnetarë të cilët ndajnë afishe, bisedojnë dhe i informojnë qytetarët.  Nakov thotë se të gjitha kompanitë dhe kishat nga Gjevgjelia iu bashkëngjitën infiormimit të të punësuarve të tyre.

    Siç deklaroi, gjatë disa ditëve në vijim do të organizojnë tribuna të mëdha në Teatrin Popullor me prezantime nga ekspertë nga fusha e ekologjisë, medicinës dhe kimisë.

    Markov dhe Nakov u pajtuan se këto iniciativa janë tërësisht të hapura për secilin, pa aspak paragjykime, dhe pa dallime partiake, etnike dhe fetare.

    “Katastrofa natyrore dhe shëndetësore e shkaktuar nga kompleksi i minierave do të na prekë pa dallim të bindjeve dhe besimeve tona individuale.  Në këtë beteje kundër minierës jemi të gjithë së bashku, të bashkuar, dhe secili i cili ndien kërcënimin nga aspekti negativ i kësaj miniere është i ftuar të na bashkohet dhe të shfrytëzojë këtë platformë për edukim, të cilën e ndërtuam së bashku”, tha Markov.

    Emilija Petreska

//